Вести Македонија Топ вести

Нема договор меѓу скопските пожарникари и Петре Шилегов

Тензично и без договор мина средбата на скопските пожарникари и градскиот татко Петре Шилегов. Со висок тон и на моменти со меѓусебни обвинувања и партиски етикетирања градоначалникот и пожарникарите се обидоа да најдат некакво преодно решение за да се избегнат евентуалните протести и да се намали нивното незадоволство.

Пожарникарите бараат повисока плата и исплата на надоместоците, а градоначалникот понуди медијатори за што е можно побрзо и финансиски побезболно да ги добијат парите за кои веќе има судска пресуда и нов закон кој ќе ги исполни нивните барања но дури од јуни наредната година.

Клучното недорабирање е околу дотацијата коа ја добива Град Скопје за надоместоци за пожарникари и е за 237 луѓе а во моментот се вработени 193 лица и виошок на средстав кои не може да се поделат и префрлат на нивните трансакциски сметки.

Пожарникарите најавија дека ќе продолжат со протестите и дека ќе се преселат пред канцеларијата на Шилегов во градскиот парк но и дека нема да ги доведат граѓаните во опасност бидејќи во секое време во базат ќе функционира дежурната чета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Бомбашки напад во Судан: Загинаа 14 членови на едно семејство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе