Вести Македонија Топ вести

30% од тестираните во тетовско се позитивни на корона вирус

Заразата со коронавирусот во тетовскиот регион интензивно се шири. Ако во летниот период 7% од земените брисеви биле позитивни, сега тој процент е 30. Широката трансмисија на болеста е поради тоа што лицата со Ковид 19 кажуваат само дел од нивните контакти, а дополнително мерките не се почитуваат целосно. Епидемиолозите со оценка дека Тетово се наоѓа во фаза на висок ризик.

Заклучно со вчерашниот ден има 406 активни случаи. Според возрасната група во овој период најмногу заболува активното население.

Позитивни на ковид се 11 професори во средните училишта, 7 наставници и 1 администратор во основните, а 3 одделенски групи се во изолација. Иако се работи за поединечни случаеви, сепак, од Кризниот штаб при Општина Тетово со препорака просветниот кадар онлајн часовите да ги одржува од дома.

Бројката на заразени со ковид 19 во тетовскиот регион од почеток на пандемијата до сега достигна речиси 2 000.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе