Вести Македонија Топ вести

Се трага по ризичните контакти на министерот Спасовски пред да се зарази со КОВИД 19

Активна недела на министерот Оливер Спасовски пред тој да се зарази со корона вирус, открива неговата Фејзбук страница. Предпоследната објава е за неговиот позитивен тест, но само неколку часа претходно се закачени слики на кои се гледа дека садел дрвца на велешко езеро во друштво со премиерот Зоран Заев и министрите и дел од дипломатски кор. Премиерот вели дека ги почитувал мерките, ама сепак ќе се тестира, а се тестираат и министрите за животна средина и за земјоделие кои биле вчера на настанот. Но за сега се уште не се знаат сите контакти на Спасовски кој ќе ја дадат епидемиолошката листа на луѓе кои ќе одат во самоизолација. Од скопскиот центар за јавно здравје велат дека за тоа е надлежно министерството за внатрешни.

Во тек е епидемиолошка анкета за контактите што министерот Спасовски ги имал деновиве. По ова ќе се знае точно кој ќе добие решение за самоизолација. Напоменуваме дека сите негови контакти биле со почитување на безбедно растојание и носење маска, соопштија од Министерство за внатрешни работи

Подолу на страницата на Спасовски се гледа дека во изминатава недела тој секој ден имал минимум по еден настан. Пред три денови бил во манастирот св јован бигорски и добил орден за посебни заслуги од Епископот г.Партениј. истиот ден заедно со државниот секретар во мвр бил на гостикај градоначалникот на маврово ростуше Медат куртовски. Претходниот ден пак добил благодарница од кумановската болница каде се сретнал со директорката и главната сестра, а имал и два онлајн состаноци но во присуство на колешки од МВР меѓу кои повторно државниот секретар. Но еден од најбитните настани беше конгресот на СДСМ кој се одржа ден пред да го добие позитивниот тест а на кој со физичко присуство учествуваше и Спасовски, додека најголем дел од делегатите беа вклучени онлајн.

Дигиталниот Конгрес на СДСМ се одржа во голема просторија со помалку од 30% исполнетост на просторот. Целосно се почитуваше задолжителното носење маска од сите присутни (освен за време на обраќањата, кои беа на драстично поголема дистанца од предвидената), постојана дезинфекција и достапни средства, сите присутни беа на соодвета и доволна физичка дистанца, со постојано проветрување на просторот и постојана дезинфекција на микрофоните, говорницата и другите површини во салата, велат од СДСМ

Спасовски доцна синоќа напиша дека е добро и дека има благи симптоми. Денеска не одговара на повиците за тоа во каква состојба е и кои се неговите ризични контакти. Инаку информации на телма и други членови на СДСМ се заразени, а во вторникот се оджал и извршен копмитет, но од партијата велат дека сите средби им се по протокол.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе