На пролет, кога истекува мандатот на раководството на СДСМ, целото членство ќе може да предлага и да избира лидер со непосредно гласање.
Тоа го овозможуваат измените на партискиот Статут што беа усвоени на 25-от конгрес.
Со новите статутарни измени, бројот на потпретседатели ќе биде од двајца до четворица, на генералниот и на организацискиот секретар им е дозволено да бидат во извршната власт, во сите партиски органи ќе има еднаква родова застапеност, а партиската боја од сина ќе стане црвена.
Претседателот на СДСМ истакна дека како држава одиме напред кон ЕУ и дека европските социјалисти даваат поддршка до десетти ноември да биде завршена преговарачката рамка со Европската комисија, а до крајот на годината да се одржи првата меѓувладина конференција.
Заев објаснува дека нема потреба од нов договор со Бугарија, но постои подготвеност за усна или писмена декларација заради зацврстување на добрососедството и пријателството.
25-от конгрес на СДСМ за прв пат се одржа онлајн.
Претседателот Заев и целото партиско раководство дале отчет за сработеното и за предвремените избори и добиле стопроцентна доверба од 679 делегати.
Соња Николовска