14 починати во изминатото деноноќие од Ковид 19, со што бројот на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 897. Има 404 новодијагностицирани и 182 оздравени.
Сите четиринаесетмина, починале во болница, а се на возраст од 51 до 83 години.
Иако со помал број тестови – 1524, голем е процентот – 26, 5 отсто на позитивните случаи, односно 404.
Најмногу се од Скопје – 172, потоа Тетово – 41, Струмица – 29, Прилеп – 25, Гостивар – 20, Кочани – 18, Куманово-15, Охрид-11.
Во останатите 16 градови бројот на новодијагностицирани е едноциферен: Гевгелија и Неготино – 9, Штип – 8, Велес и Берово – 6, Кавадарци – 5, Делчево, Дебар, Струга и Битола по 4, Пробиштип и Кичево по 3, Крива Паланка, Виница, Свети Николе и Ресен по двајца.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067, од нив 593 се хоспитализирани во Ковид центрите.