Седумнаесет собраниски седници за 2,5 месеци. Клучни закони недонесени. Тенкото парламентарно мнозинство им задава секојдневни главоболки на пратениците. Опозицијата набљудува од страна и чека да се обезбеди кворум. Причините за неносењето закони го гледаат во владејачката гарнитура.
Дополнителен проблем за блокирање на работата е можноста некој од пратениците да биде позитивен на Ковид 19. За онлајн седници нема консензус а со тоа се јавува и ризик од неможност да се донесат битни законски решенија не само за Ковид мерките туку и за економијата.
Поранешниот Претседател на Собранието Тито Петковски смета дека е неопходно пратениците да направат промени во Деловникот и да се договорат за три клучни прашања, пандемијата, евроинтеграциите и борбата против криминалот и корупцијата. Доколку не можат да се усогласат тогаш постојат две опции:зголемување на парламентарното мнозинство или предвремени избори.
Експертите со апел до народните избраници, државниот интерес да го стават пред партискиот.
Една собраниска седница ја чини државата околу 40 илјади евра.најголемиот дел од седниците беа одржани претежно за прашања поврзани со изборите, верификација на мандати,избор на Влада, ратификации на договори и неколку законски решенија.Ова е десети парламентарен состав со досега најтесно парламентрано мнозинство од 62 пратеника,46 од Коалицијата Можеме предводена од СДСМ и 15 од ДУИ и еден пратеник од ДПА.
Јулијана Пешевска