Со автомобили и музика и пораки за европска интеграција , но и критика за владата. Опозициската ВМРО –ДПМНЕ го слави празникот на македонската револуционерана борба – со протест од Скопје до Штип. Колоната автомобили запре пред собранието за лидерот на партијата Христијан Мицковски да се обрати и од Европската унија да побара преговори без условувања од Бугарија.
Тој испрати и порака до Бугарија и им порача дека сигурно и тие не сакаат да имаат понижени и асимилирани соседи, а на граѓаните и даде ветување дека ќе поништат било што да прифати оваа владата против револуционерниот деец Гоце Делечв и македонскиот јазик.
Мицковски не штедеше критика и кон владата и здравствените власти ,со заклучок дека зголемниот број на заразени е бидејќи немаме луѓе кои ќе носат вистински мерки.
Партијата празнува и 127 години од основањето на револуционерната организација ВМРО чие име е превземено и вградено во опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За предците Мицковски вели дека се бореле за држава, а тие сега за слобода и правда. Протестот започна од две собирни точки во Скопје, а од Скопје до Штип, преку автопатот “Гоце Делчев”, заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.
Павле Беловски