Вести Македонија

Партиите повторно искористија дупка во системот за да се финансираат во предизборието

Партиите повторно итро и вешто успеале да ги искористат пропустите во законските норми и регулативи и да обезбедат пари за предизборната кампања а притоа да не може да одговараат за тоа, утврдија Антикорупционерите анализирајќи ги финансиските извештаи на политичките партии.

Едно исто лице или фирма донирале и на редовната сметка каде лимитите се далеку поголеми но и на изборната сметка каде максимумот е јасно пропишан а партијата потоа ги префрлила нивните средства од редовната на изборната и ги користеле во предизборието.

Увидот во сметките на партиите покажал дека од на изборните сметки легнале вкупно 49,7 милиони денари кои првично биле уплатени на редовните. Тка предничи ВМРО – ДПМНЕ кои префрлиле 34,8 милиони денари донации од граѓани и фирми, СДСМ префрлил 5,4 милиони денари – донации од фицички лица, ДУИ 3 милиони денари од кои 2 милиони се донации на физички лица а еден милион од фирми, Алијанса префрлила 6 милиони денари пари легнати на редовната сметка од физички лица а трансфер на помали средства направиле и Глас за македонија 554 илјади денари и Твоја партија со 40 илјади денари.

Помалите партии пак, кои немаат  големо членство и донации, во кампањата ги користеле парите од Буџетот кои им биле доделени. Антикорупционерите откриле пет такви случаи.

За да се спречат ваквите забоколувања на законите Антикорупционерите предложиле дополнителни одредни во Изборниот законик, но тие не биле прифатени.

Од Антикорупциска посочија уште еден проблем. И тие и партиите имаат ист рок – 25 октомври. Партиите дотогаш треба да им ги достават конечните финансиски извештаи а антикорупционерите пак својот извештај за финансиското работење во предизборието да го испратат во Собранието што значи дена нема да имаат време и простор да ги анализираат.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе