Премиерот Заев го најави, директорт на А.Д. „Пошта“ Ејуп Рсутеми воопшто не е запознаен дека се сели во нова директорска фотеља во богатото јавно претпријатие Државни патишта. За телма тврди дека чул од медиумите, одговарајќи кусо по што го прекина телефонскиот разговор.
Да чув по владината седница дека премиерот го споменал моето име. Јас не сум известен. Тоа се работи меѓу двете коалициони партнери
Иако Рустеми признава меѓупартиско делење на директорски места, премиерот синоќа со двојни аршини за државните функционери.Одговорност и смена од управниот одбор за Лидија Димова директорката на националната агенција за европско образование за неетичко постапување, а за Ејуп Рустеми нова директорка позиција во ЈП Државни патишта. Рустеми во директорувањето бележеше негативни извештаи во работењето на македонски пошти, акционерско друштво кое државата најави дека ќе продава заради непродуктивно работење изминатите децении. Првата осуда по реакцитте во јавноста за прераспределбата на Рустеми како кадар стаса до антикорупционерите. Одново директори без конкурс и професионали критериуми.
За сите директори да се распишат конкурси и да се изберат компетентни лица. Ова однапред распределување е контрапродуктиувно. Треба да се остави простор за конкурентност и професионалност, рече Ивановска пред медиумите како прв човек на ДКСК по седницата на Антикорупциска на која беа презентирани најновите одлуки.
Токму ваква методологија најави и министерот за борба против корупција Љупчо Николовски иако владините одлуки ги демантираат неговите заложби
По, сионоќешната владина седница во директорсктие фотељи остануваат Пеце Мирчевски на Службата за општи и заеднички работи и Сашо Тасевски на бирото за јавна безбедност. Директор на Агенцијата за лекови и медицински средства е назначен Лирим Шабани, откако претходно беше разрешен Висара Риза, а претседателка на Националната комисија на УНЕСКО ќе биде министерката за култура Ирена Стефоска. Дали ексминистерот Сугаревски ќе го замени Ѓоко Танасоски од царинската управа владата се брани од вакви лицитации во јавноста,
И по три месеци влада сеуште се тргува со имиња на идни директори, државни секретари и заменици. Коалиционите партнери СДСМ и ДУИ молчат, а јавноста и експрерите шетско реагираат за изборот на кадар.
Павле Беловски