Вести Македонија

Недостојни и недолични-владата ги осуди изјавите на Каракачанов

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во земјава на кои пишува „бугарски фашистички окупатори“  но засега не размислува да испрати протесна нота до Бугарија .На ова реагираше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска –Јанковска  напоменувајќи дека комуникацијата меѓу Македонија и Бугарија кои се земји членки на НАТО не смее да биде таква.

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за сериозни. Бугарија е членака на НАТО и ние сме членка на НАТО и ова не е начин на кој комуницираат или треба да комуницираат членки на Алијансата. Ние ќе продолжиме да ги испраќаме истите пораки кои што сме ги испраќале изминатите години, а тоа е дека нашите граѓани не плаќаат и очекуваат да им обезбедиме безбедност, а таа безбедност зависи од добрососедски односи.

 

Веруваме во решенија и убедени сме дека земја сосед која прва ја призна независноста и беше промотор на патот на интеграцијата кон НАТО и ЕУ нема да помисли да го оспорува правото на идентитетско самоопределување на пријателскиот македонски народ. Може само да изразиме оптимизам дека тоа не е став на мнозинството граѓани и на академската заедница во Бугарија.

Ваквата реакција  уследи по вчерашната изјава на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов дека услов Бугарија да не става блокада на меѓувладината конференција во декември е Македонија да ги отстрани спомениците на кои пишува бугарски фашисти и да се сменат македонските учебници каде има делови дека Бугарите се фашистичпки окупатори.

Македонскиот јазик и македонскиот народ  се реалност и ниту едни политички преговори, ниту политички препукувања  нема да ја сменат таа реалност, вели министерката Шеќеринска во врска со последната изјавај на Каракaчанов.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе