Во безоснаие, со последните сили се зема здив, немајќи доволно кислород во крв, органите ја запираат својата функција, исходот е смрт. Лекарите и медицинскиот персонал во штипското Инфективно одделение деновиве се соочуваат со вакви случаи, од причина што оние кои се позитивни по влошувањето на состојбата наввреме не лекарска помош, а имаат и пациенти кои симптомите на коронавирусот ги споредуваат со настинка, па се лекуваат со парацатемали и часеви. Последниот случај е вчера, со 80 годишна пациентка од кочанско.
Во регионалниот ковид центар од 50 пациенти, речиси половината се на кислородна поддршка, а имаат и пациент на 25 години. Неколку дена поради исполнетиот капацитет, пациентите се препраќаат и во кочанската болница. Ѓеорѓијев вели дека деновиве се зголемува и метежот пред ковид амбулантата.
Штип и Свети Николе и понатаму се на врвот како општини со најголем број на регистрирани случаи ан 100.000 жители, стои во последната анализа на Институтот за јавно здравје. На оваа листа високо котираат и Кочани, Делчево и Берово од Брегалничкиот регион.
Викторија Јованова