Иако лекарите кои се на инфективна клиника и во инфективните одделенија низ државата сметаат дека многу пациенти доцна и со лоша клиничка слика се јавуваат за болнички прием, Телма разговараше со двајца кои имаат поинакво искуство. Пациентите ги имале сите сипмтоми на Ковид 19, но на болничките врати биле вратени дома. Вчера пак беше поставен нов рекорд од хоспитализирани, 487 пациенти беа во болнички кревети на инфективно.
Полни болници и рекорд на хоспитализирани пациенти на инфективно. Вчера вкупно 487 луѓе се бореа со опасната болест во болнички кревети низ цела Македонија, а ги има и мнбогумина кои не се примени. Два случаи открива Телма, од гледачи кои се јавија поради проблеми со прием во болница.
Првиот случај е повозрасна скопјанка која имала прв негативен тест, но била со сите симптоми, имала температура која со денови не се спуштала, главоболки, малаксалост и тешко дишела. Кога блиските со препораа од матичен лекар ја однеле на скопска Инфективна не била примена, туку со терапија и со нов тест е испратена дома.
Вториот тест и бил позитивен, но и покрај влошената состојба не е примена на клиника, објасни за Телма нејзиина блиска роднина која во интерес на пациентот не го откри својот идентитет. По неколку дена со инфузија на приватно и со комплетно влошена слика на белите дробови, оваа постара пациентка со акутен проблем со белите дробови, не можела да врзе ни неколку збора без силно кашлање. Дури тогаш е примена на клиника и по неколку дена состојбата и се подобрува.
Друг случај е маж на возраст од 40-тина година кој имал влошување по позотивен тест на Корона и сакал да биде примен на Клиника. Отишол викендот но не бил примен и сам се враќал дома, па барал помош на приватна клиника.
Големиот број на починати, лекарите го објаснуваат со доцниот прием на тешко разболените, па поради тоа прашавме во министерството за здравство зошто има вакви случаи кога со тешки сипмтоми не се примаат пациенти на инфективно.
Од МЗ велат:
За приемите во болниците кои лекуваат пациенти со Ковид-19, пациенти кои се прегледани, ако е констатирано дека нема белодробен или лесен белодробен наод, зависно од направените анализи, може да им биде дадена терапија на домашно лекување и да се контролираат редовно, како би се воочило евентуално влошување и потреба од болничко лекување.
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје последните 7 дена имало 96 нови хоспитализирани пациенти. Вчера по 4-ти пат во последните 5 дена е поставен рекорд во бројот на пациенти на болничко лекување.
Последната бројка е 487 заболени во болница, а големиот раст почна од празникот 11-ти октомври кога имаше 414 болнички пациенти.
Позитивни на корона сами да одат во пошта по своето решение за самоизолација
Се зголемува и бројот на активни случаи, а има примери и кога решенијата за самоизолација на позитивни на Ковид се испраќаат по пошта, а заразените треба сами да одат со картичка и лично да го подигнат решението. Ваков пример ни раскажа и и ќерка на пациент кој прво добил позитивен резултат, а потоа и покана да оди во пошта сам по решението за самоизолација.
-Од ДСЗИ информираат дека во однос на решенијата, доколку имаат оставено точен број на телефон и маил се испраќаат на тој начин. Доколку имаат оставено при епидемиолошките анкети само адреса, мора решението да се испрати на адреса која самите ја оставиле како контакт, ни одговорија од Министерството за здравство.
Миомир Серафиновиќ