Болниците забрзано се полнат, изјави вечерва Министерот за здравство Венко Филипче. Нема слободни болнички кревети на инфективните одделенија во Куманово, Штип и Струмица, а почна да се полни одделението во Кавадарци и во Гостивар. Од денеска се сместени пациенти во модуларната болница кај инфективната клиника. Филипче рече дека болничките капацитети се еден од главните параметри. Ако се оцени дека овие капацитети кои се треба да бидат резерва, се исполнуваат тогаш дефинитивно ќе препорачаме полициски час, рече Филипче.
Филипче: Ако болничките капацитети се исполнат, ќе препорачаме полициски час
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.