Ковид19 Македонија

Два метри растојание во судница – Предложен протокол за судења

Судењата со поголем број на странки да се одржуваат во поголеми судници за да може да се држи дистанца од 2 метра мегу присутните. Задолжително да се проветруваат судниците за време или по завршувањето на секое судење и да се чистат и дезинфицираат сите работни површини во судницата. Ова се дел од мерките  што треба да се почитуваат во судниците. Протоколот го изработило Здружението на судии во соработка со ОБСЕ,  а го објави Кривичниот суд. Петте општи одредби се:

  1. Мерење телесна температура на влез во судот.
  2. Средства за дезинфекција на влезот во судската зграда и судниците.
  3. Правилно носење заштитна маска.
  4. Физичко растојание од 2 метра.
  5. Електронска комуникација со судот.

Во посебните одредби подетално се наведува како треба да се применуваат мерките од влезот во судот преку чекалницте ходниците лифтовите скалите шалтерите, канцелариите и судниците.

Ако доследно се применува овој протокол дел од судниците во Кривичниот суд не треба да се користат бидејќи немаат прозорци и не може да се проветруваат. Дополнително поголеми судници кои можат да примат повеќе странки со почитување на дистанца има само три. Но две од нив немаат прозорци. Во едната и до сега на рочиштата се отвораа вратите за да може воздухот колку толку да циркулира. Претседателите на судовите треба да ги прилагодат условите на протоколот но тој не е обврзувачки вели првиот човек на Здружението на судии.

За сега не се планира проколот да биде испратен во Комисијата за заразни болести. Од Адвокатската комора велат дека го поддржуваат ваквиот протокол.

Есенскиот корона бран почна да ги празни судниците. Странки заразени или во самоизолација проади контакт со позвитивиен на Ковид-19 ги одложија „Титаник“, „ТНТ“, „Таргет“, „организатори на 27-ми“, „Тортура“. Ова се дел од познатите предмети што паузираат по 2 недели најмалку. Но со оглед на тоа што ризичниот корона период е пред нас, не се исклучува овие застои во судењата да се повторуваат и по неколку пати.

Паралелно во дел од предметите се бркаат и рокови да не застарат некои од делата на обвинетите. Претседателот на Судскиот совет за Телма смета дека треба да се најде некое решение за време на ковид кризата но за сега нема конкретен предлог од кај нив. За он лајн судење нема правен основ, единствено може ако се согласат обвинетите, но Здравев вели Судскиот совет не може да предложи законски измени, тоа е во надлежност на Министерството за правда.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

Дејан Дејан

Почнува судењето за сообраќајката во која беше прегазена Кулакова

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе