Вести Македонија

Пендаровски: За јазикот нема што да се разговара и преговара

Македонскиот јазик е кодифициран и светски признает од стручната меѓународна јавност и затоа сите други тврдења се неивистина или провокација и на нив ниту има потреба да се преговара ниту пак да се разговара. Ова се црвените линии кои денеска ги потврди и претседателот Стево Пендаровски, откако тоа викендов го најави, вицепремиерот Никола Димитров.

Пендаровски посочи дека и покрај стандаризирањето на македонскиот јазик и постоењето потврдено од светската лингвистичка наука сеуште стои предизвикот да се  браниме од негирањето кое доаѓа од политичко академски кругови од соседство.

Странските лингвисти со своите трудови објаснија дека прашањето за постоење на македонски јазик не постои, смета Елена Јованова Груевска, директор на Институтот за македонски јазик.

Пратеникот, Антонио Милошоски, повикувајќи се дипломатски извори денеска на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека официјална Софија ќе инсистира македонскиот револуционар Гоце Делчев да се води како етнички Бугар и дека тоа бил предлогот кој бил доставен до македонските историчари на минатонеделната средба. Предлог дефиницијата, според Милошоски, ќе ја разгледаат и можеби ќе ја прифатат премиерите Заев и Борисов, на средбата во Софија во рамките на Конференцијата на берлинскиот процес кој ќе се одржи  на почетокот на идниот месец.

“Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија”. Оваа дефиниција потоа би се применила и на многу други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров и други“

Извори на Телма од комисијата пак децидно тврдат дека таков предлог никогаш не бил ставен на маса.

Демант стигна и од Владата кои тврдењата на Милошоски ги оценија како шпекулација со која се наштетува на работата на историчарите во Комисијата.

Во меѓувреме провокациите продолжуваат. Овој пат е Александар Јорданов, поранешен бугарски амбасадор во Македонија, кој на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека Македонците се Бугари и доколку тоа не се прифати како факт шанбсите за влез во ЕУ се минимални. Јорданов тврди и  дека Илинденското востание е бугарско како и дека двете земјии никоаш не војујувале меѓусебно бидејќи станувало збор за еден ист народ.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе