Неделава треба да влезат во сила нов пакет антикризни мерки. Владата предупредува дека доколку не се почитуваат, полицискиот час е неизбежен.
Новите мерки ќе бидат утврдени утре на владина седница. Претпладнево ги дефинирала Комисијата за заразни болести.
Филипче најави дека Владата размислува за финансиска помош на сите што ќе бидат оштетени со овие мерки, пред се на угостителите.
Утре на собраниска седница треба да се најдат и измените на Законот за заштита од заразни болести, со чие донесување ќе влезат во сила мерките предложени уште минатата недела:
-носење маски на отворено
-забрана за групирање по 22 часот
-забрана за прием на повеќе од четворица гости во домашни услови
Со посебен член, Владата предлага во иднина да нема измени на законот и за се да одлучува Владата.
Владата се надева дека законот ќе биде донесен до крајот на неделата. Неизвесно е дали ќе добие поддршка од опозицијата, со оглед на нејзината реакција дека е целосно исклучена од конципирањето на антикризните мерки.
Соња Николовска