Македонија Најважни

Во изолација 309 дечиња од градинка, позитивни се 55 вработени и 18 деца

18 деца и 55 вработени се позитивни од почетокот на работа на градинките.

Евидентно е дека бројот последниве две недели ни се зголемува, така да за периодот од девети до 16 имаме дополнителни шест дечиња и 21 вработен позитивни, значи трендот на позитивни е како и целата епидемиолошка состојба во државата. Здравствената состојба на сите позитивни до сега е добра и немаме хоспитализација, освен две од претходно што веќе се завршени. Во моментот имаме 309 деца во изолација и околу 50 вработени, рече министерката Шахпаска.

Таа додаде дека  ситуацијата будно се следи, а одлуки ќе носат заедно со локалните самоуправи и министерството за здравство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе