Вести Македонија

4 деца на возраст од 9 до 15 години биле жртви на трговија со луѓе и на сексуална експлоатација во Македонија

Еден од поголемите проблеми во државата е тоа што жртвите на кривични дела не може да наплатат штета од злосторниците кои им наштетиле. Закон со таква содржина се подготвува, потврдија во МВР на денешното одбележување на европскиот ден за борба против трговија со луѓе. Жртвите кои се експлоатирани, меѓу нив многу и деца присилени на брак со возрасни, во државата ги имаат проблемите со кои се соочуваат сите граѓани, спори судски постапки, слаб систем за помош и неефикасна конфискација.

-Ќе ги мачат и искористуваат, како сексуални робови или за бесплатна работа и на крај по долга битка пред македонските судови, жртвите на трговија со луѓе не може да наплатат отштета од злосторниците. Со вакви наоди, денеска е одбележан европскиот ден за борба против трговија со луѓе. Државата подготвува измени, закон со кој ќе се компензираат финансиски жртвите на сите кривични дела, меѓу нив и оние луѓе што се препродавани и искористувани како предмети. Но проблемот е конфискација од криминалците кои заработуваат со искористување. Има случаи на одземен имот, ама некогаш тешко се продавате.

-Имаше случај кога беше конфискуван имот од лице осудено за трговија со луѓе во Скопје. Но на лицитацијата за жал никој не се заинтересира да го купи, а со тие пари да се обештетат жртвите, изјави Љупчо Маркудов, Началник на единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти.

Во државата се уште има случаи на принудни бракови на малолетници, а има и друг вид на експлоатација, кога се користат како робови.

-Во изминатата година регистрирани се 4 женски деца, жртви на сексуална експлоатација, на возраст од 9 до 15 година, регистриран е и маж (државјанин на Македонија) во соседна земја бил принуден и трудово експлоатиран, истакна Магдалена Несторовска, Државен секретар во МВР работно експлоатаиран

Главниот проблем е во спорите судски постапки, па и случаи кога жртвите по повеќе години од искористувањето мора во суд лично пак да се соочат со киднаперите и криминалците иако веќе се ресоцијализирани и заборавиле на тешките моменти. Вакви случаи има откриено и анализата „ПРАВАТА НА ЖРТВИТЕ НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ ВО СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ“ каде е наведено дека дете-жртва морало повторно да сведочи во суд 8 години по злосторот врз него. Проблеми има и со ресоцијализацијата бидејќи нема доволно сместување за жртвите во шелтер центри. Како пример беше наведено девојче кое било спасено од експлоатација, завршило курс за работа, нашла работа но налетала на проблеми во семејството со што станува потенцијална повратничка како жртва на трговија со луѓе.

-Семејството кое се однесуваше како да не е е во 21-ви век, поради условите и начиноот на кој живеат и се закани на девојчето дека доколку продолжи да работи ќе ја избрка од дома. И каде ќе оди кога нема дом, рече Маркудов.

Македонија ги има сите три улоги во трговијата со луѓе, има примери на внатрешна трговија, влез и излез од државата со дестинација во друга земја и е транзитна земја низ која минуваат жртвите.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе