Ако државата не може да исплати плати на националните институти, тогаш укинете не’ – е реакцијата на дел од вработените откако добиле известување дека нема да ја добијат септемвриската плата заради измени во законот за научно истражувачка дејност. Повеќе од двесте вработени во 7 високи научно образование чекаат владата да ги усвови предлог измените на министерстовто за образование и да ги испрати до собранието. Револотот на вработените доаѓа, бидејќи директорите и министерстовто имале цела година пред себе за да ги завршат измените.
„Како да го толкуваме известувањето дека платите за септември ќе доцнат минимум две недели само за националните институти? Па укинете нѐ! Скратете ни ги маките!!!
Проблемот настанал откако неколкумина вработени како млад и стручен кадар во изминатите 5 години не магистрирале или докторирале навреме, а оваа неделеа им истекол законскиот рок. Директорите, последниот ден од рокот побарале од надлежното министерство наместо прекин на работниот однос да го продолжи рокот за магистрирање или докторирање за нови 5 години. МОН се согласиле, на потег е владата.
„Измените на Законот за научно истражувачка дејност со кои се овозможува континуирано ангажирање на млад научен кадар и негово оспособување за работа, а воедно и се допрецизираат правата и обврските на соработниците вработени во научните институти чија дејност е од стратешки и национален интерес за државата, се во владина процедура.“
Плата нема да земат ниту историчарите од мешовитата комисија кои водеа дводневни преговори за повеќе историски прашања со Бугарија. Од владата обајснуваат дека законот за за научно истражувачка дејност со кои се овозможува континуирано ангажирање на млад научен кадар и се допрецизираат правата и обврските на соработниците вработени во научните институти се во владина процедура. По нивно усвојување, ќе бидат проследени до Собранието на понатамошно постапување, е ставотна владата, но ниту една инситуција не знае колку време научниците во МАкедонија ќе останат без редовната септемвриска плата.
Павле Беловски