Во Словенија, влезе во сила делумниот карантин, кој се применува во седум од 12-те региони во земјата, поради зголемениот број на пациенти со коронавирус.
Исто така, од денеска е забрането да се собираат повеќе од 10 лица, а за постарите ученици наставата ќе се одвива преку Интернет.
Новите мерки за карантин се однесуваат на градовите Љубљана, Крањ и Целје, додека Маробор и Копер не се во таканаречената црвена зона, а карантинот значи дека од одредени региони не смее да се влегува или излегува, освен во посебни случаи како што се одење на работа или на лекар, пренесува СТА.
Во седумте региони се забранува и организирање настани, собири, свадби и црковни церемонии.
Во сила е и обврската да се носат маски во затворен простор, на отворено и во автомобил кога се превезува лице кое не е член на исто домаќинство.
Кога станува збор за границите, засега истите правила остануваат во сила.