Македонија Најважни

Идентитетот на Гоце Делчев се уште е главна пречка на сопнување

Македонските и бугарските историчари не постигнале напредок во однос на Гоце Делчев, иако на маса биле поставени и нови идеи околу неговиот лик и дело.

Сега за сега тоа е главниот проблем кој останува се уште пречка на сопнување за да се постигне некое заедничко мислење за Гоце Делчев, рече Ѓоргиев.

За Димитров идентитетот на Делчев е познат.

Идентитетот на Гоце Делчев си го определил самиот тој, а не ние. Тоа не е наша работа. Тоа тој го определеил и е таков каков што е, какво што е неговото семејство, каква што била средината во која се формирал како личност. Тоа е идентитетот.

Мал напредок е постигнат во делот на учебниците за средновековието. Во однос на Свети Кирил и Методиј е постигната согласност дека се сесловенски и христијански просветители. Членовите на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија договорила нова средба до крајот на годинава, и уште пет наредната година.

Има мали стапки поместување на напред и за мене тоа е важно во моментов. Процесот на разговори продолжува и понатаму, со сите тешкотии и сите чувствителни теми кои се на маса. Молам за трпение и поголема ематија и кон нас и кон колегите од Бугарија, за да можат прашањата да бидат дискутирани со што помалку емоции и тензии. Само на тој начин можат да се надминат работите, рече копретседавачот на комисијата од македонска страна Драги Ѓоргиев.

Неговиот колега од Бугарија Ангел Димитров рече дека на комисијата воопшто не станало збор за македонскиот јазик. Тоа, истакна Димитров одговарајќи на новинарско прашање, е тема за која треба да разговараат лингвистите.

Комисијата заседаваше по пауза од речиси една година, а причина за тоа била пандемијата со Ковид-19, но и изборите кои се одржаа кај нас.

Од македонскиот тим во најавата за десеттиот состанок напоменаа дека покрај вообичаените теми, учебниците за историја и предлог идеите за заедничко одбележувањена историски личности и настани, Комисијата ќе дискутира и за теми и прашања кои во изминатиов период претставуваа пречка во работата или, пак, причина работата на Комисијата и нејзиниот академски и експертски карактер да бидат политизирани, со што се предизвикува штета на процесот на градење добрососедски и пријателски односи.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе