Ковид19 Свет

Седумнаесет од 27-те земји на ЕУ во црвена зона

Седумнаесет од 27-те земји на Европската унија, како и Велика Британија, се наоѓаат во црвената зона на новата европска мапа на ограничувања на движењето, објави европскиот Центар за превенција и контрола на болести.

Само три земји на унијата, Норвешка, Финска и Грција, се претежно зелени, додека пет земји, Италија, Кипар, Естонија, Литванија и Летонија се главно означени со портокалова боја.

Во црвено влегоа Франција, Шпанија, Полска, како и Белика Британија, тоа значи дека бројот на нови случаи во последните две недели е поголем од 50 на 100.000 жители.

Велика Британија воведе двонеделен карантин за патниците кои пристигнуваат од Италија, а оние кои не го почитуваат карантинот ќе бидат казнети со парична казна од 11.000 евра.

Британија е најпогодена земја во Европа од коронавирусот, со повеќе од 43.000 смртни случаи. Италија е на второто место во црната статистика на континентот, со над 36.000 смртни случаи.

Европа е на „пресвртница” во борба против коронавирус, вели шефот на најголемиот швајцарски болнички комплекс, признавајќи дека е се поголем заморот кај медицинските лица, а земјата се соочува со рекордни броки.

Швајцарија има одличен здравствен систем, но за борба против Ковид не се потребни само болници, туку цела здравствена мрежа на системот и сметам дека сме прилично добро подготвени, иако е главен, огромен предизвик за сите и голем стрес на системот. Значи, би рекол дека сме подготвени, но и ние сме загрижени бидејќи тоа е предизвик за екипите кои се доста исцрпени од првиот бран, вели генералниот директор на болницата во Женева, Бертранд Леврат.

Ноќниот полициски час веќерва во 21 часот стапува на сила во Париз и во осум други градови во Франција засегнати се 20 милиони граѓани. Дозволени исклучоци со специјална дозвола за џогирање и шетање на кучињата, како и итни медицински потреби. За редот ќе се грижат 12.000 полицајци, а прекшителите ќе плаќаат по 135 евра.

Германија денес потврди дека бележи повеќе од 7.000 новозаразени со коронавирус за првпат во еден ден и втор последователен најголем дневен биланс. Таму на сила е носењето маски и порано затворање на баровите во областите каде што има голем бројот на инфекции. Во Германија, вкупно над 348.000 лица биле заразени од почетокот на епидемијата, а починале 9.734.

Денеска рекорд запишува и Босна и Херцеговина со 621, што е најмногу од почетокот на епидемијата. Словенија во делумен карантин стави седум од 12-те региони во земјата, каде се забранува и организирање настани, собири, свадби и црковни церемонии. Новите мерки се однесуваат на Љубљана, Крањ и Целје, додека Маробор и Копер не се во таканаречената црвена зона.

Откако пратеник со кој била во контакт го добил позитивниот тест на коронавирусот финската премиерка Сана Марин го напушти самитот на шефови на држави и влади во Брисел. Вели ситуацијата е многу загрижувачка.

Исто така разговаравме за тоа дека е потребно почесто да се организираме, посебно во тек на корона ситуацијата, преку видео конференции, а не состаноци, можеби и размена на информации каде би можеле да имаме ажурирани информации. Овие дискусии сигурно ќе ги продолжиме. Ситуацијата на повеќе нивоа е многу загрижувачка, рече марин.

Вчера поради претпазливост состанокот во Брисел го напушти претседателката не Европската комизија Урсула фон дер Лајен, а од минатата недела во изолација  се и Жозеф Борел и Јанез Ленарчиќ.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе