Регионалниот КОВИД центар во Битола интензивно се полни со пациенти и има уште десетина слободни места. Во момeнтот хоспитализирани се 39 заболени од Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар. Поголемиот дел се во многу тешка сосотојба со постојана кислородна поддршка.
Кај здравствените работници веќе се чувствува замор од битката со вирусот. На одделението досега биле хоспитализрани 370 позитивни пациенти на вирусот од целиот регион.
Но, велат подготвени се за овој есенски бран со поддршка на другите колеги од болницата.
-Постои извесна доза на замор, тоа се постојани 24 часовни дежурства, а последните денови има наплив на пациенти од нашиот гради и од околните градови кои прпаќаат на овој регион. Имаме дневно примени по 6 до 7 пациенти, вели д-р Џулијана Ристевска, инфектолог во Клиничка болница- Битола.
Покрај инфектолозите, во КОВИД Центарот во Битола, вклучени се лекари и сестри од другите одделенија. Раководството веќе прави план за реорганизација и зголемување на капацитетот.
-Имаме планови за понатаму, согласно бројките како ќе се одвиваат и колку ќе има потреба за хоспитализации. На Инфективното одделение вклучен е медицински персонал, медицински сестри и персонал ротираат од другите одделенија, бидејќи бројот на персоналот со кој претходно располагавме беше мал, вели Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница – Битола.
Од почетокот на пандемијата до денес вкупно биле хоспитализирани 370 пациенти од целиот Регион. Во Битола во моментот има 111 активни случаи со КОВИД-19, од нив 32 се на болничко лекување.
Емилија Мисирлиевски