Тивко влегоа, уште потивко си заминаа од Клубот на пратеници. Историчарите го завршија првиот дел од десетата средба по пауза од речиси една година, но за што се разговарало и дали има напредок, останува да се види.
Очекувањата се дека се дебатира за македонскиот револуционер Гоце Делчев, кој е камен на сопнување и поради што претходните три средби завршија неуспено и без никаков напредок.
Причина се ригидните ставови на бугарскиот дел од комисија кои бараат да се наведе дека Делчев по националност е Бугар што за македноските историчари е неприфатливо барање бидејќи утврдување на нечија националност не е работа на историчари.
Состанокот доаѓа во клучен момент когаоткако во изминатите десетина месеци дебатата ја превземаа политичарите кои расправаа најчесто без факти и најчесто за собирање политички поени а во тоа секако предничи официјална Софија.
Декларацијата на Бугарската Академија на науки, бугарскиот меморандум до ЕУ и последното, денешната седница во бугарскиот Парламент на кој се расправаше за преименување на заедничкиот празни на словенските просветители Кирил и Метадоиј да се преименува во празник на бугарската азбука и писмо се само дел од потезите на официјална Софија кои допринесоа за влошување на односите меѓу двете држави но ставање дополнителен терет врз историчарите.
А дека има тензија посочи и шефот на дипломатијата, Бујар Османи, кој сепак се надева на поместување од мртва точка на работата на Комисијата.
Состанокот на комисијата продолжува утре и по завршувањето е највена официјална прес конференција на двајцата претседатели Ѓорѓиев и Димитров по што ќе се знае дали е постигнат напредок во работата на историчарите.
Огнен Чанчаревиќ