Вести Македонија Најважни

Владата против воведување вонредна состојба

Владата не размислува за нова вонредна состојба. Премиерот Заев верува дека институциите се справуваат со здравствената криза, а Парламентот уште наредната недела може да ги внесе во закон последните препорачани мерки: носење маска на отворено, забрана за групирање по 22 часот како и прием на максимум  четворица возрасни гости во домот.

Но, во Собранието не е пристигнат никаков предлог за менување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Има други закони од здравствената сфера кои подразбираат намалување на глобите согласно законот за прекршоци. Претседателот на Комисијата за здравство, Арбен Зибери, вели дека ќе закаже седница веднаш штом пристигне таков предлог од Владата.

Опозицијата се чувствува исклучена од одлучувањето за здравствените мерки. Сметаат дека власта лошо се справува со кризата, па бараат кадровски промени: ВМРО ДПМНЕ бара оставка од министерот Филипче, а Алијанса-Алтернатива – од Комисијата за заразни болести.

ДУИ со соопштение побара граѓаните да ги почитуваат сите препорачани мерки. Од тоа зависи, велат, колку брзо ќе можеме да ја стабилизираме состојбата со короната, која ја погоди не само нашата земја туку целиот свет.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе