Вести Економија Топ вести

Бесими на сред презентација на ребалансот ги смени проекциите за дефицитот и долгот

Јавниот долг на земјава уште во јуни  ја надминал критичната граница и наместо 59,5  достигнал  60,3 проценти од БДП. Буџетскиот дефицит пак за годинава наместо 8,4 ќе биде 8,5 проценти од БДП. Министерот за финансии Фатмир Бесими на сред презентацијата на ребалансот на буџетот кој е на матичната собраниска комисија за финансирање и буџет ги корегираше проекциите зошто стигнале ревидираните податоци за БДП од статистика. Им кажа на пратениците дека бројките кои ги кажал пред една недела не биле точни.

Опозицијата со критики за вториот ребаланс на државната каса за годинава. Обвинија дека  власта ја презадолжи земјава. Велат падот на економијата ќе биде поголем од проектираниот.  Антикризните мерки биле популистички, а парите за помош на компаниите наместо кај малите и средни компании, завршувале кај олигарсите од власта. Критикуваа и дека се кратат капиталните проекти, а не непродуктивните трошоци на институциите.

За власта ребалансот е одличен и е намнет за справување со ковид- кризата и за финнасирање на четвртиот пакет мерки за помош на стопанството и граѓаните.

На предлог ребалансот има вкупно 186 амандмани од кои над 170 се од опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Комисиската расправа треба да заврши за 10 денови, по што оди на гласање пред пратениците.

Телма објави дека со вториот ребаланс за годинава  има повеќе пари за финансирање на политичките партии, за извршни решенија, за купување на мебел и за привремени вработувања. Проекциите се дека ќе се потрошат рекордни 4,1 милијарда,, а ќе се соберат 3,2 милијарди евра. Парите кои ќе недостасуваат се најголеми до сега – 920 милиони евра кои ќе нарата со заеми од дома.

Проекцијата е дека земјава ќе влезе во рецесија со проектиран пад на БДП за годинава од 4,4 проценти.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе