Вести Македонија

Се шири корона вирусот во штипскиот затвор, но и во текстилниот кластер

Се зголемува бројот на заразени со коронавирусот во штипскиот Затвор, по четирите позитивни тестови на затворски полицаец,  двајцата здравствени работници и еден осуденик, коронавирусот вчера е потврден и кај уште еден затворски полицаец, кој  девет дена не бил на работа.

Директорот на Затвор-Штип очекува информации од епидемиолозите, какви дополните мерки треба да преземе и дали други лица треба да се стават во изолација. На деветмината осуденици, кои имале контакт со заразениот затвореник периодот на изолација им истекува утре, а на останатите двајца на 20 ти октомври.

Штип вчера во здравствениот билтен е со бројка од 13, од кои поголемиот дел се од новиот текстилен кластер, членови на семејства и нивни контакти.

Штипскиот Центар за јавно здравје дневно зема од 20 до 30 брисеви. Во штипската Клиничка болница бројката на инфициран здравствен персонал достигна до четири, а во изолација се вкупно седумина.

Проблемот со недостигот на кислород за пациентите во регионалниот Ковид центар се очекува да се надмине на 30 октомври, кога ќе се отворат понудите. Дневно за кислородната поддршка на пациентите се трошат од 30 до 40 боци кислород.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе