Ковид19 Македонија Најважни

Рекорден број на новозаболени регистрирани во еден ден, дури 445

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.441 тестирања, а регистрирани се 445 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-249, Куманово-12, Штип-13, Прилеп-25, Тетово-16, Струга-7, Велес-7, Битола-14, Охрид-12, Кавадарци-3, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-36, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Кочани-6, Пробиштип-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти од: Скопје-77, Куманово-15, Штип-11, Прилеп-7, Тетово-11, Струга-1, Велес-1, Битола-5, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-14, Радовиш-3, Кочани-18, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-1.

Во болнички услови починати се 9 лица, двајца пациенти од Скопје (72 и 62г), еден од Куманово (66г), двајца од Струга (58 и 65г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (83г), од Пробиштип (60г) и пациент од Свети Николе (65г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.636, бројката на оздравени пациенти е 16.591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.236. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 8.872, активни 1969
  • Куманово 1.898, активни 168
  • Дебар 294, активни 36
  • Штип 1381, активни 125
  • Прилеп 839, активни 181
  • Тетово 1.622, активни 226
  • Струга 727, активни 65
  • Велес 392, активни 69
  • Битола 403, активни 111
  • Охрид 476, активни 60
  • Кавадарци 284, активни 63
  • Гостивар 1.003, активни 84
  • Гевгелија 205, активни 93 (13 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 473, активни 281
  • Крива Паланка 161, активни 54
  • Радовиш 148, активни 62
  • Крушево 20, активни 0
  • Кочани 512, активни 201
  • Пробиштип 130, активни 18
  • Демир Хисар 62, активни 1
  • Македонски Брод 95, активни 2
  • Пехчево 48, активни 4
  • Берово 155, активни 51
  • Валандово 64, активни 36
  • Виница 141, активни 46
  • Делчево 195, активни 103 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 27, активни 3
  • Свети Николе 407, активни 59
  • Кичево 363, активни 37
  • Ресен 171, активни 10
  • Неготино 68, активни 18 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.441 теста се преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-58, Авицена-495,  Биотек-278, МАНУ -292, Жан Митрев (Филип Втори) -375, Систина со PCR метода -218, лабораторија Лаор –99, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-7, ГАК-25, Синлаб-71, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 211.790 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, нема хоспитализирани пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 84
  • Гази Баба – 180
  • Аеродром – 400
  • Карпош – 344
  • Центар – 353
  • Кисела Вода – 232
  • Ѓорче Петров – 169
  • Бутел – 74
  • Шуто Оризари – 13
  • Студеничани – 3
  • Сарај – 17
  • Арачиново – 4
  • Илинден – 28
  • Сопиште – 17
  • Чучер Сандево – 6
  • Петровец –8
  • Зелениково – 5
  • Странец – 11
  • Нераспределен-21
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романците гласаат во одлучувачки втор круг на претседателските избори

Дејан Дејан

(ФОТО) Русија го изврши најголемиот напад со дронови врз Украина

Дејан Дејан

Возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе