Свет Топ вести

Европски влади се борат со новиот бран на Ковид – 19

Чешка ги затвори училиштата и баровите, во Холандија се затвораат кафиќите и рестораните, Франција би можела да воеде полициски час – европски влади се борат со новиот бран на ковид – 19.

Делумниот карантин во Холандија стапува на сила вечерва. Францускиот претседател е подготвен за воведување на нови порестриктивни мерки во Париз и други градови. Шпанскиот регион Каталонија исто така разгледува привремени мерки. Ширум Европа стапката на инфицирани расте, а Русија денеска бележи рекордни 14.321 заболени и 239 смртни случаи.

Дури и во земјите кои имаа успех во справувањето со пандемија, сега заразата брзо се шири.

Германија за првпат од април има 5.000 новоинфицирани и во 47 региони просечната стапка на 100.000 жители е преку 50 луѓе.

На Балканот, во изминатите 24 часа во Хрватка регистрирани се рекордни 748 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи.

На кафулињата и рестораните сега им е забрането да работат по полноќ, сите гости треба да носат маски насекаде, еден од новитетите е и корона-редари кои мора да ги обезбедат угостителските објекти, еден на секои 50 гости. Во спротивно казната ќе ја плати сопственикот на објектот.

Премиерот Пленковиќ повика на солидарност и заедничко делување, а ситуацијата, вели е загрижувачка.

„Ситуацијата можеме да ја наречеме загрижувачка. Со одржување дистанца, миење на рацете, носење маски. Со тоа ги штитме блиските, а тие не штитат нас. Реално, тоа се многу мали жртви, мали жртви повторувам, за заштита на здравјето, а реално и за заштита на работните места“, вели Пленковиќ.

Во Британија сопственици на кафиќи и теретани сметаат дека новите мерки кои денеска стапуваат во сила во Ливерпул се погубни за нивните бизниси. Откако Ливерпул беше прогласен за регион од највисок степен.

Здравствените власти бараат зголемување на ограничувањата на северниот дел на Англија, како Манчестер и Ланкастер што би значело целосно затворање на пабовите.

Во овие места има најголема стапка на зараза со повеќе од 600 случаи на 100.000 жители.

„Како ние гледаме на тоа, казната нема вредност. Овој трошок е загуба на целата работа. Ова е борба или бегство. Не, немаме можност. Не е работата да затвориме горе, да изгибиме малку пари. Ако го затвориме финансискиот пакет кој е понуден, ќе престанеме да работиме“, вели Ник Вајткомб, сопственик на теретана.

„Одиш во кревет, а имаш работа која вреди повеќе од пет милиони фунти, а наутро се будиш и имаш работа која ништо не менува и кој ти ја празни банкарската сметка, тоа е апсолутно срамно“, вели Кејт Стујард, сопственик на бар.

Британскиот премиер Борис Џонсон сè уште нема намера да прогласи вонредна состојба во Англија, иако лидерите на опозицијата ја бараат оваа мерка со цел да се запре ширењето на коронавирусот.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неуспешна прва рунда од преговорите за мир во Украина

Дејан Дејан

Во сабота во Градски парк настан на кампањата „Крени глас“ на Макпетрол – „Со позитивна енергија против врсничко насилство“

Дејан Дејан

Билатералните теми да не бидат пречка на европскиот пат, вие имате уште реформи – пораки на Мајнл–Рајсингер, МНР на Австрија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе