Ковид19 Македонија Најважни

Филипче: Засега нема потреба од дополнителни мерки

Нема потреба од дополнителни мерки и рестрикции од веќе предложените – уверува министерот за здравство Венко Филипче и покрај драстичниот пораст на бројките на новозаразени од Ковид во земјава. Тие мерки пак кои веќе се испорачани како препораки од Комисијата за заразни болести до Владата – ќе почекаат законски измени. Деновиве здравствените власти имаат консултации и разговори со пратениците околу начинот како сето тоа да се спроведе. Кога ќе се измени Законот, ќе може да се спроведуваат мерките како носење маска на отворено, примање на не повеќе од четири гости во домот, и не повеќе од четворица собрани после 22 часот надвор.

Во меѓувреме, порастот на бројот на новозаразени го наметна прашањето и дали Владата ќе се премисли и ќе ја укине можноста за патување во Косово и оттаму, без негативен ПЦР тест. Премиерот Заев отфрли било каков сомнеж дека има разногласие помеѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ по ова прашање. Секоја одлука зависи од ставот на Комисијата за заразни болести. Ако патувањата во и од Косово се причина за раст на бројките можно е носење на секаква одлука.

Во денешната статистика на граничната полиција од полноќ до 14 часот најмногу влезови и излези има на граничниот премин Долно Блаце – вкупно 5.494. Од нив најмногу се странски државјани 3.457, наспроти 2.037 македонски државјани. На Табановце за 14 часа регистрирани се 3.590 поминувања на границата, најмногу од нив странски државјани. Претходно Владата одлучи да дозволи ПЦР тестот да не е пресуден при поминување на границата, а одлуката е со важност од пред два дена. Причина за носењето на истата од Илинденска бр. 2 велат дека е остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, но со препорака патувањето да се сведе на минимум и само за неодложни потреби. Но, и покрај тоа деновиве сме сведоци на редици автомобили на граничните премини.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе