Македонија

Непроверени се информациите за трошоците за стационарот Лајка

Време е човекот да му возврати на најдобриот пријател –кучето, рече денеска , на отворањето на стационарот за бездомни животни градоначалникот Шилегов. Но, подготовките за новото ЈП „Лајка“, на местото на „ Вардариште“, во изминатите месеци помина со контроверзи за потрошени народни пари за плати на вработени кои не работеле и за сомнителни инвестиции. Градоначалникот вели  дека се работи за непроверени информации од активистите за заштита на животните , дека реконструкцијата на објетот во вредност од 30 милиони денари е донација од граджни фирми и дека инвестирале само во постапката и во дел од опремата.

Кога е јавно претпријатие Вие мора да дадете однапред пари. Мора да се спроведат постапки, мора да се потрошат тие сретства за дел од опремата која не е предмет на донација. Што медицински дел, што за операционите сали, за да можеме да бидеме функционални, вели Шилегов.

Во документот што го објави Асоцијацијата на активисти за права на животните се гледа дека се инвестирани околу 5 милиони и 200 илјади денари. Од нив дел се за статични и мобилни телефони, за гарнитура за седење и биро за в.д. директорката, за конференциска маса, телевизори, за читач на микро чипови, апарат за евиденција на вработените  , за кујна, видео надзор и количка за достава на храна. Беше побарано и разрешување на в.д. директорката за злоупотреба на службената должност. Таа вели, досега ништо не потрошиле.

Документот што го спомнавте се вика инвестициска програма и е изгласан од Управниот одбор на претпријатието во декември 2019 година. Мојот потпис го депонирав пред 10 дена и набавките сега почнаа . Така што немаме ништо потрошено, вели в.д директоркта Тина Петрушевска.

Според Петрушевска, во новиот објект , во 50 боксови со подно греење, ќе бидат згржени околу 100 бездомни куќиња. Зградата за прв пат поседува засебна амбуланта за животните, карантин за болни и кучиња што каснале граѓани, како и административен дел за вработените. В.Д директорката најави дека во Скопје има 1970 бездомни кучиња, дека добиле 30 барања за справување со нив и дека чипирањето допрва ќе започне.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

ЈП „Национални шуми“ започна со превентивни мерки за заштита од пожари

Дејан Дејан

Предлогот за нов гувернер на НБРМ утре во Собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе