Ковид19 Македонија Најважни

За една недела бројот на позитивни се зголемил за 86,5 проценти

Зголемување од дури 86,5 проценти на бројот на заразени со Ковид-19 за една недела или нови 2.243 нови позитивни на вирусот регистрирани се во земјава од 5 до 11 октомври. Од нив половината се во Скопјуе, дури 51,5 проценти, додека Гевгелија има највисока бројка на заболени на 100.000 жители – 215. Во истиот период  хоспитализирани се 94 лица, со што, во моментов над 400 лица со ковид лежат во болнички кревети. Министерот Венко Филипче уверува дека јавното здравство има капацитет да ги прими сите пациенти со коронавирус. За приватните болници, вели, постојат одредени услови за тоа.

Во однос на приватните болници, тие уште од почетокот на кризата можат да хоспитализираат заболени од ковид, само доколку за време на лекување на пациенти кои што редовно ги лекуваат им се констатира присуство на корона вирусот и тоа во оделенијата за интензивна нега, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Но, болничките капацитети во јавното здравство се повеќе се пополнуваат. Во ГОБ „8 Септември“ се пополнети околу 97 процетни од капацитетот во ковид центарот иако од таму за Телма велат дека оние на кои состојбата им е подобрена ги префрлаат на Инфективната клиника и во болницата во Козле за да се ослободи простор на нови пациенти. Информираат дека како Ковид центар мора во секое време да имаат 3-4 слободни кревети на интензивно лекување за итните случи со Ковид. За позитивни на корона се обезбедени и три дијализери, како и простор на ортопедија за хируршки интервенции. Утрово во „8 Септември“ имало хоспитализирано 42 пациенти, но како што велат од таму, бројката во текот на денот се менува.

На Инфективната клиника во моментот на правење на прилогот беа хоспитализирани  89 пациенти, што е за 6 пациенти помалку од вчера. Сепак капацитетот на Инфективната клиника веќе неколку дена е пред пополнување и таму се подготвуваат за прием на првите пациенти во модуларната болница со 72 кревети. За ковид павиентите на располагање е и болницата во Козле со 60-на кревети.

И капацитетите во другите градови не се поразлична од оние во скопските болници. Во Струмица веќе неколку дена нема место за нови ковид пациенти каде во моментов се згрижени 38. Битолската болница која во моментов има капацитет да згрижи 38 пациенти утрово имала уште пет слободни кревети, додека во Штип има 48 пациенти од вкупно 55 места. Но на штипската болница се помалку слободните места може да и бидат и помала грижа со оглед дека количините на кислород за пациентите кои болницата ги набавила во јуни веќе се потрошени и сега се распишува тендер за набавка на нови количини кислород. На кислородна поддршка таму во моментов се 14 лица, а дневно се трошат меѓу 30 и 40 боци кислород. Тетовската болница пак има најмалку хоспитаизирани со коронавирус. Дневно имале по 10-на пациенти, додека капацитетот им бил околу 70 кревети.

Инаку владата најави, а Филипче денеска потврди, дека Македонија аплицирала за вакцината против ковид-19 преку Ковакс механизмот за 800.000 дози, со кои би се вакцинирале 400.000 лица или 20 проценти од населението.

Tамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

ЈП „Национални шуми“ започна со превентивни мерки за заштита од пожари

Дејан Дејан

Предлогот за нов гувернер на НБРМ утре во Собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе