Македонија Најважни

Уште двајца наставници од Скопје позитивни на корона – учениците не се во изолација

Наставничка по англиски од „Владо Тасевски“ во Карпош е позитивна на корона. Од општината за Телма веллат  дека таа им предавала на второоделеници, но и дека никој од нив не е во изоалција . Наставничата од средата се изолирала а , во четвртокот добила позитивен тест.

 

„По констатираната состојба (во средата), наставничката веднаш постапила по протоколите и мерките за самоизолација и останала дома. Заразена е надвор од училиштето, односно контактот со заразено лице од ковид-19 го имала надвор од рамките на ООУ ‘Владо Тасевски’. По консултација со епидемиолот, и согласно протоколот и алгоритмот предвиден од Комисијата за заразни болести, е одлучено, учениците од ова одделение да не одат во самоизолација“, велат од општина Карпош .

 

А , уште еден случај на заразен наставник и во општина Центар. Во основото училиште „Димитар Миладинов“ наставникот по физичко , од саботата пројавил симптоми на корона. Тој во петокот бил на работа и држел часови , но од училиштето за Телма велат дека се почитувале мерките и протоколите. Никој од основците на кои  им држел часови не се во изолација , а наставникот од вчера е позитивен на вирусот.

За сега повеќе од 50 основци и 10 наставници се позитивни или се во изолација поради тоа што биле во контакт со заразен од корона .

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Македонската дипломатија полека се празни од амбасадори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе