Најмногу 70 ученици во општина Гевгелија немаат електронски уреди за следење на онлајн наставата, тврди градоначалникот Сашо Поцков. Според него, поголемиот дел од овие ученици засега со дозвола на родителите доаѓаат на настава во своите училишта, а останатите добиваат материјали. Во најскоро време, сепак, планираат да им обезбедат компјутери за да следат од своите домови.
И училиштата велат дека се екипирани за настава на далечина и засега не забележале проблеми при реализирањето на часовите.
Општината распиша тенедер за набавка на компјутери за наставниците коишто немаат соодветни уреди за настава. Средствата ќе ги обезбедат училиштата од сопствените буџети а дел ќе покрие општината.
Сузана Мицева