Свет

Олеснителни околности за 14 обвинети од Златна Зора, повторно протести во Атинa

Во очекување на објавувањето на пресудите за лидерите на Златна Зора во Атина, пред судот повторно се собраа демонстранти барајќи најстроги казни. Минатата недела судот ја прогласи Златна Зора за криминална организација, обвинувајќи 18-мина за нејзино водење. Меѓу обвинетите се Никос Михалолиакос, основачот и претседател на партијата и поранешните пратеници како Илијас Касидиарис, Христос Папас, Јоргос Герменис и европратеникот Јоанис Лагос, кој денеска допатува од Брисел за да ја слушне пресудата.

Сите ние сме тука собрани за нацистите да бидат затворени со најдолгите можни казни, порачува пензионерот Леонидас Ренѕакис.

Судијата Марија Лепениоти која претседава со судскиот совет изјави дека олеснителни околности ќе им бидат прифатени за 4 поранешни пратеници и 10-мина други обвинети поради старост, каење и претходна неосудуваност. Проценка на судот со која демонстрантите не се согласуваат.

Денеска сме собрани пред судот за да објавиме дека сакаме нацистите, членовите на нацистичката организација Златна Зора, да не добијат никакво ублажување на казните и да одат во затвор најдолго што можат, вели Сиригос Валсамос од синдикатот на градежници.

Судскиот процес трае пет години и е резултат на истрагата која започна против организацијата по убиството на музичарот Павлос Фисас во 2013 година кој беше избоден до смрт од страна на член на Златна Зора. Партијата тогаш беше на врвот на својата популарност освојувајќи 18 пратенички места на изборите во 2012 година, во период кога Грција се бореше да излезе од должничката криза. Убиството на Фисас беше кулуминација на еден насилен циклус поттикнат од Златна Зора обележан со речиси секојдневни напади на политички неистомисленици и мигранти.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе