Свет

ЕУ му се закани на Лукашенко со санкции доколку не почне дијалог со опозицијата

Доколку не почне директен дијалог со опозицијата и не престане да користи насилство врз демонстрантите против белорускиот претседател, Александар Лукашенко, ќе бидат воведени санкции, се закани денеска Европската унија.

„ЕУ ги повикува белоруските власти да побараат мирно и демократско решение за кризата преку поширок национален дијалог … и го поддржува планот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да посредува во дијалогот“, заклучи Советот на министрите за надворешни работи на Унијата по денешниот состанок во Луксембург.

На почетокот на октомври лидерите на ЕУ воведоа санкции против 40 белоруски функционери, кои ЕУ ги смета за одговорни за насилството врз мирните демонстранти, опозициските претставници и новинарите и за „недоличното однесување“ за време на претседателските избори летово.

Според официјалните резултати, Лукашенко убедливо победи на изборите на 9 август и го освои шестиот мандат, но опозицијата смета дека изборите се украдени.

Министрите на ЕУ денеска повторија дека претседателските избори во Белорусија ниту беа слободни, ниту фер, и дека Лукашенко нема демократски легитимитет, па затоа ги поддржаа повиците за повторување на тие избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе