Ковид19 Македонија Најважни

Инфективна и 8 септември полни – во функција и модуларната болница

Ова е сликата утринава пред модуларната болница до Инфективна. Не пречека амбулантно возило на Брза помош кое носеше критичeн пациент заболен со Ковид 19.

Вчера попладне се пополнија сите кревети во Инфективна, па беше ставна во функција модуларната болница која треба да ги прими новите критични болни. Утринава навидум мирно, но ноќта била бурна.

Од Инфективна за Телма посочија дека примиле многу нови пациенти. Министерот Филипче вели дека се уште не е примен пациент во модуларната болница, но очекува тоа да се случи во текот на денот.

Синоќа целосно ја оспособивме да функционира модуларната болница. Дополнителен кадар од инфективната клиника, од клиниката за пулмологија и од болницата „8 Септември“ кои што ќе бидат на располагање. За сега нема сместено пациент, меѓутоа очекуваме во текот на денов некој од пациентите да биде сместен таму. Се одвои уште една дополнителна бројка на медицински сестри од истиве овие институции кои што ги споменав за да може тоа одделение целосно да функционира” – изјави Филипче.

Иако без пациенти, во модуларната болница раздвижено.

Хигиеничарки и друг персонал се во монтажниот објект кој се подготвува да се соочи со новиот есенски бран на новозаболени со Ковид 19.

Последните денови, бројот на новозаболени се приближува до 400. А речиси и да нема празни кревети во болниците во внатрешноста ниту во Скопје

Во „8 Септември“ последните 24 часа се дуплирал бројот на прегледи. Биле примени 5 критични пациенти, а 7 се на респиратор.

Директорот Костов за „Телма“ вели дека капацитетот главно е пополнет.

Во моментов имаат слободни кревети, бидејќи ослободуваат места за најкритичните со тоа што пациентите на кои им се подобрила состојбата ги препраќаат во Козле и на Инфективна.

Болницата идната недела ќе рaспише и конкурс за прием на 30 медицински сестри.

Иако болниците се преполни со пациенти, Филипче смирува дека нема простор за паника, ќе има доволно места во болниците.

Тој верува дека новиот пакет на мерки, кои треба да поминат на владината седница закажана за вторник ќе дадат резултат.

Смета дека се уште е рано за следни мерки.

Задолжителното носење маски на отворено, понатам ограничувањето на групите, не повеќе од 4 луѓе после 22 часот, а за следните мерки сметаме дека е се уште рано.- вели Филипче.

Од дополнителни рестрикции, доколку бројката на заразени продолжи драстично да расте, во план е и намалување на капацитетот во јавниот превоз, ограничување на работа на компании и угостителски објекти, како и затворање на училиштата и градинките.

Крајната мерка кој ја најави министерот е пак делумен или целосен карантин.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кој прифатил сервилност во Владата, вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе