Ако Бугарија не отстапи од барањата, можно е да не отпочне првата меѓувладина конференција во декември, вели премиерот Зоран Заев, по посетата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи на Бугарија.
За ваквиот загрижувачки тон, Заев упатува на тврдите ставови на шефицата на бугарската дипломатија Захариева, но убеден е дека тој со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов ќе изнајдат решение.
-Разговорите помеѓу министерот Османи и премиерот Бојко Борисов беа добри, но разговорите помеѓу Османи и Захариева не се баш добри. Тоа што е предложено од таа страна, ниту е добрососедско, ниту братско, најмлаку европско. Ако тоа така остане треба да го подготвиме нашиот народ дека можно е да не отпочне првата меѓувладина конференција во декeмври, рече прeмиерот Заев.
Сепак верува дека ова не е став ниту на Борисов, ниту на бугарскиот народ
– Одличен мегдан е нашиот заеднички историски јунак, Гоце Делчев, да не сплотува. Убеден сум ќе постигнеме решение, ќе направиме се што е во наша моќ, за да продолжиме по тој пат. Нашиот сон е Европа, која го признава и целосно почитува правото на самоопредeлување. Ние сме Македонци кои го зборувааат макеоднскиот јазик, рече Заев
Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров пак, на чествувањето на Денот на народното востание во Прилеп, рече дека ниедна држава , ниту меѓународна организација нема право да се меша во нашето право на самоопределување
-Мислам дека е неевропски македонскиот јазик да стане пречка на нашата европска иднина и интеграциите. Ако Европската унија дозволи на некој начин ова да биде пречка, тогаш таа нема да ја заслужи во своето име придавката европска и не знам дали ќе можеме да веруваме на ваква Европска унија. Мора мудрост и почит, нема пријателство без замена почит. Сите што сакаат на македонскито народ да му бидат блиски и пријатели, мора да не прифатат кои сме и каков јазик зборуваме, ние зборуваме македонски јазика, рече Никола Димитров, вицепремер.
Бугарија со објаснувачи меморандум кој го испрати во септември до земјите членки го условува преговарачкиот процес на Македонија и бара одложување на првата Меѓувладината конференција што треба да се одржи кон карајот на годината.
Во меморандумот официјална Софија наведува дека има неколку отворени прашања меѓу Бугарија и Македонија, а за македонскиот јазик тврди дека не постои и е дијалект на бугарскиот.
Емилија Мисирлиевски