Ковид19 Македонија

Втор пратеник позитивен на Ковид 19, мнозинството бара онлајн седници, ВМРО-ДПМНЕ против

Уште еден пратеник позитивен на Ковид-19, мнозинството бара онлајн седници

Пратеникот на СДСМ од Охрид, Лазе Таневски, објави дека е позитивен на Ковид-19. Тој на неговиот фејсбук профил информира дека тестирањето го направил самоиницијативно, поради неодложно приватно патување.

Тaневски е вториот пратеник кој е заболен од вирусот.

Вчера беше објавено дека пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, е примен на Инфективната клиника во Скопје со висока температура. Јахоски денеска се чувствува добро и се очекува следните денови да биде пуштен на домашно лекување. Вицепремиерот Артан Груби информираше дека од нивната пратеничка група никој друг нема симпроми. Најави дека владата веќе од задутре ќе работи онлајн, и апелираше тоа да го стори и Собранието.

Од пратеничката група на СДСМ веќе во вторник на координација ќе побараат, Собранието да работи онлајн.

ВМРО ДПМНЕ ја одбиваат можноста за онлајн седници.

Пред извесно време позитивен со Ковид-19 беше и пратеникот Арбен Зибери, кој од изолирана соба во Собранието гласаше за составот на новата Влада.

Пленарните седници и тие на комисиите се одржуваат со физичко присуство, но пратениците носат маски и држат дистанца.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кој прифатил сервилност во Владата, вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Неселективна правда бараат родителите на починатите деца во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе