Освен 10 мината поранешни функционери кои ја тужат државата во Стразбур повикувајки се на аболицијата на Иванов, во Европски суд за човекови права (ЕСЧП) пристигнале и околу 12тина апликации кои се однесуваат на користење на бомбите како докази во предметите на СЈО. Во одговорот на прашањето на Телма од судот потенцираат дека бројка на предмети е приближна и не откриваат ни кои обвинети тужеле во Стразбур за прислушуваните разговори.
.
Имаме добиено околу 12 апликации кои се однесуваат на употребата на прислушувани материјали во кривични постапки против апликантите. Ние не можеме да ги обезбедиме деталите од секој предмет посебно во оваа фаза, дополнитлена информација ќе биде достапна на нашата HUDOC дата база ако/кога тие предмети ќе бидат комуницирани, велат од есчп.
Во делот на комуницирани предмети на веб страната нема вакви случаи па останува отворено прашањето дали овие апликации не успеале да го поминат ни првот филтер на судот во Стразбур или дека се уште не дошле на ред. Дел од адвокатите на обвинетите од СЈО потврдија дека поднеле апликации за бомбите како докази но биле одбиени затоа што овие предмети се уште не биле целосно завршени пред домашните судови, поради што судот ги смета за преуранети. Сепак адвокатите исклучуваат дека по исцрпување на сите правни лекови во земјава може повторно да поднесе апаликација до Стразбур.
Првата фаза пред Стразбур ја поминаа двата предмети за аболицијата со 10-мината обвинети меѓу кои Груевски, Мијаков, Јанкуловска, Јанакиески. Но од ЕСЧП за Телма велат дека освен овие нема други предмети поврзани со помилувањата на експретседателот Иванов од 2016.
Доколку не се спогодува државата ќе треба да одговори на прашањата на судот во Стразбур. Македонскиот Кривичен суд, пред кој се водат овие предмети, очекува дека ќе треба да помогне во одговарањето на прашањата со објаснување на постапките
Ние како суд сме тука за да спроведуваме закони. Ако има напатствија ќе ги почитуваме. Апсолутно не гледам проблем да судиме не гледам зошто не би продолжиле со предметите и понатаму, рече џолев.
Џолев очекува дека дека дел од овие предмети меѓу кои Траекторија Тортура и Трезор може да завршат до крајот на годината.
Елена Ивановска Мукоска