Ковид19 Македонија

Судскиот процес за отпуштените медицински сестри во Битола на ревизија пред Врховен

„Одлуката за престанок на работниот однос на шестте медисцински сестри во Здравствениот дом во Битола е на судот,  а не моја“, вели  директорката на оваа здравствена установва, Весна Спиркоска. Додава дека пресудата на Апелација е правосилна и извршна, поради што морала да ја почитува, а сега последна шанса за медициснките сестри кои останаа без работа е Врховниот суд.

Останува да ја почекаме ревизијата на Врховниот суд  за овој судски процес и останува  да веруваме во правосудниот систем, изјави Весна Спиркоска, директор на ЈЗУ Здравствен дом Битола.

Спиркоска вели дека во екот  на пандемијата, кога има голем недостиг на медициснки кадар, Здравствениот дом останал без шест медициснките сестри кои совесно и одговорно ги извршувале работните обврски. Сега бара нови вработувања.

Нивното отсуство го отежна работниот процес во Здравствениот дом, за што сега сме во фаза на барање на согласности од Министерството за здравство за повтроно вработување на 12 сестри, од кои 6 со договор на дело и шест на неопределено работно време, вели Спирковска.

Шестте медицински сестри беа примени на оглас за вработување што Здравствениот дом го објави во 2018 година за 9 работни места, а се пријавија 62 кандидати. Но, по изборот, тужеа две медициснки сестри  кои не беа примени на работа. Едната од нив во тужбата наведува дека е направен незаконски избор, затоа што имала повеќе бодови на ранг листа од оние кои ја добиле работата.   Основниот суд во Битола во март го поништи огласот за 6 сестри со образложение дека изборот е незаконски, а Апелација ја потврди ваквата пресуда во јули.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе