Го уапсија за фиктивни палми, но не за палмите садени во акцијата Засади Дрво. Во акцијата Рибар е уапсен и сопственикот на фирмата која ги увезуваше кинеските палми кои се садеа по скопје и во други градови низ Македонија во акцијата Засади Дрво, потврдија од Финансиската полиција за Телма.
Оттаму велат „дека кривичното дело за кое се товари приведеното лице во акцијата ,,Рибар ,, не се однесува за конкретната набавка на палми за акцијата Засади дрво, туку за фиктивна набавка на хортикултурни растенија меѓу кои се набавени и палми.“ За набавката на државни палми поради прескапите цени (се движеле и до 1000% поскапо од набавната цена), финансиската полиција веќе поднесе кривична пријава, но истрагата не е уште завршена.
Осомничениот увозник на палми ги извлекувал парите од тендери преку фиктивни фирми формирани од социјално загрозени лица за надомест од по стотина евра.Тие ги ваделе парите во кеш и му ги враќале назад.
Се проверува и дали тие пари се исплаќани како мито кон државни и локални функционери кои спроведувале тендери за набавки на растенија и дрвја (меѓу нив и палмите).