Повторното зголемување на бројот на позитивни случаи на дневна основа ширум Европа ги натера европските земји пак да се свртат кон рестриктивните мерки. Како што бројките започнаа да наликуваат на тие од пролетта во екот на пандемијата, така и земјите поторно почнаа со воведување забрани и нови правила. Во Германија бројот на новозаболени се искачи на нивото од април и земјата, која најдобро се справи со првиот бран, веднаш презеде мерки против тоа.
Многу повеќе луѓе се погодени сега за разлика од април. Средната возраст на заболените беше 50 години во април и 36 во јуни. Затоа гледаме послаби симптоми но исто така гледаме и дека се повеќе возрасни луѓе повторно заболуваат, има се повеќе заболени во домовите на постарите луѓе, старските домови и болниците и тоа ќе доведе до поголем број на хоспитализации, оцени претседателот на Институтот Роберт Кох, Лотар Вајлер.
Италија која од почетокот на пандемијата во Европа е во постојана вонредна состојба и каде во сила беа најригорозните рестриктивни мерки на целиот континент, повторно започна со нивно воведување откако беше забележан пораст на нови случаи во некои делови од земајта. Носењето заштитна опрема насекаде надвор од домот, станува задолжително на територијата на целата земја, за како што рече премиерот Конте, да се избегне уште едно целосно затварање кои земјата го преживеа во текот на пролетта.
До сега со пандемијата се справувавме со ригорозност, со сплотеност, со вклученост на сите и со чувство на одговорност. Ако го напуштиме ова чуство на одговорност, ако ја напуштиме оваа вољја да направиме уште неколку жртви за општото добро, повторно ќе се соочуиме со потешкотии, порача конте.
Бројот на новозаболени најбрзо расте во Чешка, која по вчерашниот порас ја надмина и Шпанија. Белгија која бележи повторно разгорување на коронавирусот во Брисел, одлучи на еден месец да се затворат сите кафулиња и барови во градот. Угостителските објакти ги затвори и Шкотска во два најголеми градови Глазгов и Единбург а Лондон ја проценува ефикасноста од преземањето на истите мерки. Француските власти соопштија дека поради пандемијата дури 40 проценти од капацитетите за интензивна нега во Париз се пополнети со пациенти болни од Ковид-19. Повеќе европски земји, меѓу кои Полска и Украина исто така регистрираа рекордно високи бројки на новозаболени.
Игор Трајков