Избегаа од Македонија во Грција, избегаа како Неџби и Христо но сега и грчките власти кои им дадоа засолниште , не знаат каде се екс разузнувачите Горан Грујевски и Никола Бошковски. Барем такви одговори им испраќаат на македонските власти. Последната вакава преписка била летово во јули.
На прашањата и ургенциите до каде е постапката за екстрадицијата од Грција одговарале дека не можат да ги лоцираат двајцата обвинети , објасни министерот за правда Бојан Маричиќ.
Откако грчкиот Врховен суд прво одби да ги екстрадира, на 24 декември 2018 Македонија испрати ново барање за екстрадиција со цел да ги убедат судиите зошто одлуката за помилување на Иванов е ништовна и неприменлива, објасни минситерот за правда. Одлука се уште се чека.
Нивните столчиња се празни на судењето за масовното прислушување каде денеска се сослушуваа нови сведоци и оштетени кои раксажуваа за последиците од прислушувањето. Бизнисменот Зоре Темелковски сведочеше за неприликите што ги имал од прислушкуваните разговори. Тој рече дека бил под голем пристисок од полицијата, но и дека добивал и пораки од луѓе од подземјето дека имаат снимки од негови разговори со кои му се заканувале.
Верував во правдата. Кога како спас се појави СЈО и пријавив и таму. Џипот што му го одзема МВР на мојот син, не ми е вратен. Иако имаме и судска пресуда, се уште не ни го враќаат. Џипот му го земаа на син ми зашто се движел по трасата на Никола Груевски. Таму живееме, таму се движиме со возилата цел живот, сведочеше темелковски
Сведочеа и порнашениот шеф на БЈБ Бранко Бојчевски и поранешен вработен во УБК Златко Николовски
Елена Ивановска Мукоска