Ковид19 Македонија Најважни

364 новозаболени – нов црн рекорд на епидемијата на коронавирус

364 новозаболени е новиот црн рекорд на епидемијата на коронавирус во Македонија.

Половина од нив, 184, се во Скопје, најголемото жариште на вирусот во државата. Направени се 2.140 тестирања од кои дури 17 отсто се позитивни. Како оздравени се водат нови 106 пациенти.

Дополнителен проблем е и што е покачен репродуктивниот број кој според министерот Филипе е значително над еден, што значи дека еден позитивен може да ја пренесе болеста на повеќе од еден човек.

Во последното деноноќие починаа уште три пациенти, 73 годишен охриѓанец, 72 годишен радовишанец и 62 годишен жител на Гостивар со што бројката на жртви се искачи на 775 лица.

Во моментов активни се 3.147 случаи а најголем број од нив се во Скопје – 1.315. трицифрени бројки на заболени има и во Струмица – 203, Кочани – 199, Тетово – 181, Куманово – 167 и  Прилеп каде што има 134 активни случаи.

Според официјалните податоци хоспитализирани се 414 лица.

На Инфективната клиника има 86 пациенти од кои 45 се на кислородна поддршка а во Градската болница „8 септември“ има 40 пациенти од кои четворица се на респиратор.

Денеска Институтот за јавно здравје ја објави неделната статистика за заболени од корона вирус која се однесува на периодот од 28 септември до 4 октомври во која има застрашувчки бројки.

Драстичен  раст на бројката на новозаболени од дури 35,5 отсто. Во овој период се регистрирани 1.203 новозаболени, а само во последните четири дена, кои не се опфатени со извештајот, таа бројка е 989 нови случаи. Расте и бројот на позитивни тестови кој во анализираниот период е заголемен за тро отсто и сега изнесува 12,2 отсто.

Особено е зголемен бројот во главниот град Скопје од каде се и најголем дел од случаите 519 односно раст за 43 проценти. Највисок пораст пресметано на 100 илјади жители пак има Берово со 192 случаи.

И бројот на починати загрижува и е 30 смртни случаи, односно за 7,1% повеќе во однос на претходната недела а коморбидитети се регистрирани кај 20 од починатите.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави: „Во понеделник ќе разговарам со Путин“

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Азир Алиу останува во ВЛЕН, Арбен Фетаи на средба со Курти без Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе