Вести Свет Топ вести

Цивилизирана потпретседателска дебата – Пенс и Харис се судрија за пандемијата

Пандемијата со корона вирусот беше една од најжешките теми во синоќешната дебата меѓу кандидатите за потпретседател во САДС, републиканецот Мајк Пенс и демократката Камила Харис.

Иако беше смирена и цивилизирана дебата, за разлика од онаа со Трамп и Бајден, кога летаа лични навреди и обвинувања, на моменти имаше и расправа на повисок тон. Харис го обвини Доналд Трамп дека е „најголемиот неуспех на една претседателска администрација во историјата“. Пенс пак рече дека планот на Демократската партија за справување со пандемијата е чист „плагијаризам“.

Во 90-минутната дебата која се одржа во Јута Универзитетот, Харис го обвини Пенс и претседателот Трамп дека намерно ги залажувале Американците за смртноста од инфекцијата со корона вирусот.

„Знаеле и криеле“ – рече Харис, која беше потоа прашана дали би ја примила одобрената вакцина против Ковид 19, која би се дистрибуирала пред изборите. Но, 55-годишната сенаторка од Калифорнија рече дека нема да прими нешро што не е одобрено од сериозни медицински професионалци.

Пенс и Харис во просторијата беа одвоени повеќе од два метра, и пред имаше плексиглас. До гласањето има уште 26 дена, а анектите покажуваат дека Трамп заостанува на бојното поле во неколку сојузни држави чие гласови се сметаат за одлучувачки во победата.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе