Заменик-градоначалникот на Штип, Јане Миланов, е фаворит и за вд градоначаник, до вонредните локални избори кои треба да се одржат на 13 декември. Миланов го менува доскорешниот прв човек на градот, Благој Бочварски, кој стана министер за земјоделство, но тоа може да го прави максимум 60 дена. После тоа, Советот мора да избере вд градоначалник. Постапката почна денеска, а седницата на Советот е закажана за една недела од сега.
Должноста заменик градоначалник на Пласница сега ја врши Елсан Нурчески, откако градоначалникот, Исмаил Јохоски, беше избран за пратеник..
Неофицијално, како кандидат на СДСМ за Штип се спомнува актуелниот пратеник Сашко Николов, а на ВМРО-ДПМНЕ, исто така пратеникот Иван Јорданов. За Пласница се` уште не се откриваат можните кандидати.
Општина Штип има близу 42 илјади гласачи, а Пласница околу 5 000. Наследниците на Бочварски и на Јахоски ќе имаат мандат од нецела година, со оглед на тоа што следната есен, во 2021 година, треба да се одржат редовните локални избори.
Денеска и ДИК, на кратка седница донесе известување за начинот на собирање на потписи за кандидатите за градоначалници, и заклучи дека ќе се применуваат постоечките обрасци, кои важеа за претходните локални избори.
Далиборка Демјанска Цветановска