Додека белгиската федерална влада ги заостри рестрикциите на национално ниво, вклучувајќи ја и мерката за затворање на кафе баровите во 23 часот, регионалната влада во Брисел донесе мерки за дополнително заострување на мерките на локално ниво.
Од утре изутрина, сите кафеа и барови во главниот град и околниот регион ќе мора да прекинат со работата, во период од еден месец.
Забрането ќе биде и конзумирањето алкохол на отворено.
Правилата за локално ниво доаѓаа по новите национални правила, со кои се ограничи големината на индивидуалните социјални групи на 4 луѓе, наместо досегашните 5.
“Едно од 7 лица во Брисел, има позитивен резултат. Вирусот е насекаде во регионот” – соопштија локалните власти.
Според Ив Ван Летам, советник на белгиската влада за здравствените прашања, Брисел сега е меѓу трите европски градови, со најмногу позитивни случаи, се уште зад Мадрид, но над Париз, каде исто така веќе беше воведено слично правило за баровите.