Кластерот Белата Куќа продолжува да расте. Списокот високо рангирани членови на администрацијата на Трамп, инфицирани со корона вирусот, дополнет е и со советникот на американскиот претседател, Стивен Милер, како и еден високо рангиран воен офицер.
Милер, кој беше во самоизолација минатите 5 дена, вчера потврди дека има позитивен тест на вирусот. Истовремено, неколку воени офицери од висок ранг се во карантин, откако Адмиралот Чарлс Ред од крајбрежната служба (гарда) имал позитивен тест на Ковид 19.
Речиси сите членови на генералштабот на американската војска, кој е составен од највисоко рангираните воени офицери кои го советуваат американскиот претседател, се во карантин откако минатата недела учествувале на состаноци со адмиралот Ред.
Откако Трамп се врати во Белата Куќа и најави дека наскоро ќе се врати на политичката сцена , во трката за претседателските избори закажани за 3-ти ноември.
Може ли да се одржи втората дебата Трамп – Бајден, закажана за 15-ти октомври, во услови кога актуелниот американски претседател се уште може да е извор на зараза. Трамп, кој имаше лош настап на првата дебата, порача дека тој секако е подготвен да учествува. Кандидатот на демократите со поинаков став.
Дали се чуствувате безбедни да бидете во истата соба со некој кој се уште има Ковид?
Видете, мислам дека ако се уште има Ковид, не би требало да ја оддржиме дебатата. Патем, мислам дека ќе мора да следиме многу строги правила. Премногу луѓе се заразени. Тоа е многу сериозен проблем. Затоа јас ќе бидам воден од правилата на клиниката во Кливленд и тоа што докторите кажуваат дека е правилна работа да се направи, ако и доколку тој се појави на дебатата, рече бајден.
Од кампањата на Трамп порачуваат дека Претседателот ќе биде здрав и подготвен за соочување на ставовите со Бајден.
Се разгледуваат и други варијанти, како можноста дебатата да биде виртуелна.
Во меѓувреме, вечерва ќе се одржи и првата дебата на кандидатите за потпретседател, Мајк Пенс и Камала Харис а тие ќе бидат раздвоени со плексиглас за да се ограничи ризикот од пренесување на Ковид-19.
Двајцата кандидати имаа негативни тестови за корона вирусот.
Никола Илиевски