Вести Свет Топ вести

Расте бројот на заболени од корона вирус и во регионот

Корона вирусот не се смирува и во земјите од регионот. Бројките растат, а земјите бележат нови бројки кои не се споредуваат со бројот на заболени од април. Летните месеци го направија она од што стравуваа докторите. Словенија, која на почетокот лесно се справи со инфекцијата, денеска има рекордни 356 новозаболени, што е двојно повеќе од вчера. За властите, ситуацијата е многу сериозна и се најавуваат заострување на мерките. Втор најлош ден по ред од епидемијата и во Хрватска. денеска нови , 363 заболени и петмина починати. Медиумите јавуваат дека болеста се шири меѓу здравствените работници, но и меѓу учителките во детските градинки, што ги принуди властите да затворат дел од нив. Скок на бројот на заразени и во Босна и Херцеговина. И тука се регистрирани над 360 инфицирани. Црна Гора 211 новозаболени.

Ситуацијата навидум е смирена во Србија која денеска бележи благ раст на заболени, 121. Болеста најмногу се шири за време на прославите, па тука веќе се воведени ограничувања на работата на рестораните. Но, епидемиолозите јавуваат и дека корона вирусот е регистриран кај средношколците, и децата од основно училиште, иако сите се со благи или без симптоми.

Албанија исто така бележи рекорди, но тука властите јавуваат дека мерките не се почитуваат во училиштата, од каде во просек дневно отсуствуваат по 80 наставници и 40 ученици. Главните градови се најголемите жаришта и затоа се најавуваат заострување на мерките, со оглед на тоа што влегуваме во ризичен период на есенски респираторни инфекции, како и славите кои традиоционално собираат големи друштва.

Целта е регионот да ги избегне дневните бројки со кои се соочува Европа.

Жителите на Брисел денеска го пијат последното кафе во баровите и кафулињата. Со над 2.500-тини заболени на ден, што е раст од речиси 60%. Брисел од утре ги затвора кафулињата и баровите на еден месец. Рестораните остануваат отворени. Овојпат, младите најмногу го шират вирусот и на постарите од семејствата. Креветите на интензивна нега се 15% полни.

„Ситуацијата во нашата земја е загрижувачка и сериозна. Гледаме дека речиси насекаде во државата бројот на заболени е во пораст, расте бројот на хоспитализирани, како и бројот на починати во болница. Во некои болници ситуацијата е многу критична, изјави премиерот на Белгија, Александер Де Кро. 

Конзумирање на алкохол на јавно место исто така се забранува, а се забранува да се продава во рестораните. Новите мерки се слични на оние кои од вторникот веќе се активни во Париз. Докторите јавуваат дека креветите во болниците се исполнети до 40%. Градот е празен, иако модената недела е во полн ек. Се бараат начин како да се живее зимската сезона, со старите препораки, маска и доволно растојание.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе